Сок од розеви домати

5.0/5 оценка (2 гласови)
  • Порции: 12
  • Сложеност: многу лесно
  • Категорија: Напитоци
Сок од розеви домати

Состојки

  • Розеви домати по ваш избор
  • Хималајска сол по вкус

Начин на подготовка

  1. Многу важно за подготвувањето на овој сок е квалитетот, потеклото и сортата на доматите. Ние користиме стара сорта на домати, кои се меснати, со малку семки и многу вкусни.

    Најпрво доматите се мијат.

  2. Се сечат на парчиња, големи колку да ги собере во отворот на вашиот соковник. 

     

  3. На крајот ја додавате солта.

    Со оглед на тоа што моите домати се значително благи, јас додавам по 10гр хималајска сол на секој литар сок.

     

  4. Ние користиме Hurom бавен соковник, кој е стар околку 4-5 години, но сепак беспрекорно си ја врши својата работа.

    Имавме на располагање 3,5 килограми розеви домати.

    Кога ги процедивме добивме 3330 грама сок и 170 грама отпад, што е околку 5% отпад. Неверојатно, но вистинито !

    Сликата кажува СЕ Wink

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.