Супа од анасон и авокадо

Состојки
- 1 глава анасон
- 1 зрело авокадо
- 5-6 листови спанаќ
- 2 краставици
- сок од 2 лимони
- 5-6 ливчиња магдонос
- хималајска сол по вкус
- 400 мл вода
Начин на подготовка
Исчистете ја главата анасон и без зелениот дел ставете ја во садот од блендерот. Излупете ги краставиците, насечете ги на половина и ставете ги заедно со водата во блендерот Vitamix.
Исто така, излупете го авокадото, извадете ја семката и додадете го во блендерот. Додадете го лимоновиот сок, хималајската сол, магдоносот и спанаќот, па вклучете го блендерот.
Блендирајте 1 минута додека не се добие мазна, изедначена смеса.
Супата е готова и се сервира со гранчиња свеж копар и шери домат.
Анасонот, основата на оваа жива супа, е богат со растителни влакна, витамин Ц, калиум и манган. Авокадото, пак, е одличен извор на здрави масти - омега-3 масни киселини. Со оваа супа, на одличен и вкусен начин ќе ги почувствувате нивните здравствени придобивки
Коментари (3)
ashunksaa3nc
PeterAlatt
BennyScorn