Супа од авокадо

Состојки
- 3 краставици
- 1 зрело авокадо
- 2 чешниња лук
- сок од 1-2 лимони
- свеж копар
- 100-200 мл вода
- хималајска сол по вкус
Начин на подготовка
Излупете ги краставиците, насечете ги на половина и ставете ги во блендерот Vitamix.
Исто така, излупете го авокадото, извадете ја семката и додадете го во блендерот. Додадете ги и излупените чешниња лук, лимоновиот сок, хималајската сол и водата, па вклучете го блендерот.
Блендирајте 1 минута додека не се добие мазна, изедначена смеса.
Супата е готова и се сервира со гранчиња свеж копар.
Добар апетит!
Коментари (4)
ashunksdhm4c
MichaelEmuch
AaronLaupt
PeterAlatt