Супа од домати и компир

Состојки
- 500 гр компир
- 600 гр домати ( по можност розеви)
- 2 големи лажици домашна вегета
- хималајска сол по вкус
- маслиново масло
- интегрален двопек ( по избор)
- босилек( по избор)
Начин на подготовка
Најпрво сварете ги компирот и доматите, откако ќе бидат готови, излупете ги доматите и ставете ги во блендер заедно со дел од водата во која се вареле.
Вака изблендираната смеса, вратете ја назад во садот, додадете 2 лажици домашна вегета и хималајска сол по вкус, па оставете нека се вари уште 15тина минути.
Кога крем супата ќе биде готова, ставете ја во чинија, додадете маслиново масло и декорирајте со малку босилек .
Напомена: Оваа супа е декорирана со смрзнато маслиново масло и босилек.
Коментари (4)
Нерегистрирани
Milanka Petrova
ashunkownol9
CharlesSmabe