Супа од костени

Состојки
- 3,5 л зеленчукова вода
- 300 гр испечени и излупени костени
- 500 гр печурки
- 4 чешниња лук
- 1 глава црвен кромид
- 50 гр индиски ореви
- 1 лажичка мајчина душица
- 2 ловорови листа
- 1 лажица домашен зачин
- хималајска сол по вкус
- малку шафран
Начин на подготовка
Освен по одличниот вкус, костените се познати и по нивните здравствени придобивки. Тие се богати со растителни влакна кои помагаат да се исфрлат отровите од организмот, а исто така се добри за намалување на лошиот холестерол во крвта. Претставуваат богат извор на витамините од Б групата, на манган и бакар.
Зеленчукова вода ќе добиете кога ќе ставите кратко да се вари обична вода со лажица домашен зачин.
Кромидот ситно исечкајте го и ставете го да се динста со малку вода во нелеплива тава. Откога ќе стане проѕирен, додајте ја мајчината душица, ловоровите листа и малку домашен зачин.
Потоа, мешавината со кромид ја додаваме во зеленчуковата вода. Исто така, ги додаваме и печените, излупени костени и индиските ореви. Оставаме да се вари на среден оган приближно 15 минути.
Додека се варат сосотјките, ставете ги печурките да се издинстат со малку вода и исечканите чешниња лук.
Откако ќе поминат 15 минути, сите состојки и водата, освен ловоровиот лист, ставете ги во блендерот Vitamix и добро изблендирајте.
На крај,повторно ставете ја изблендираната смеса во тенџере на тивок оган, додајте ги издинстаните печурки и варете уште 15 минути. Се зачинува со шафран, а ако има потреба се додава и хималајска сол,
Добар апетит!
Коментари (5)
ashunkd4vsi1
buy pregabalin cheap
Outlifs
ashunkl80pld
AlfredSoppy