Супа од тиква и компир

Состојки
- 500 гр компир
- 600 гр тиква
- 2 големи лажици домашна вегета
- хималајска сол по вкус
- маслиново масло
- интегрален двопек ( по избор)
- власец или нане( по избор)
Начин на подготовка
Најпрво сварете ги компирот и тиквата, откако ќе бидат готови ставете ги во блендер заедно со дел од водата во која се вареле.
Вака изблендираната смеса, вратете ја назад во садот, додадете 2 лажици домашна вегета и хималајска сол по вкус, па оставете нека се вари уште 15тина минути.
Кога крем супата ќе биде готова, ставете ја во чинија, додадете маслиново масло и декорирајте со малку исечкан власец, нане или со коцки интегрален двопек.
Коментари (1)
ashunkmy7608