Супа од тиква и кромид

5.0/5 оценка (1 гласови)
  • Порции: 4
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Супи
Супа од тиква и кромид

Состојки

  • 1 кг тиква
  • 300 гр кромид
  • 4 чешниња лук
  • мускатно оревче
  • мешан бибер по вкус
  • хималајска сол по вкус
  • ЗА ДЕКОРАЦИЈА:
  • млеко од орев
  • исечкани ореви

Начин на подготовка

  1. Тиквата, кромидот и чешнињата лук ставете да се варат на средна температура.

  2. Откако ќе бидат готови ставете ги во блендер заедно со дел од водата во која се вареле.

  3. Вака изблендираната смеса, вратете ја назад во тенџерето, додадете мускатно оревче мешан бибер и хималајска сол по вкус, па оставете нека се вари уште на тивок оган уште 15тина минути.

  4. Кога крем супата ќе биде готова, ставете ја во чинија, додадете 1-2 лажици млеко од ореви и декорирајте со малку исечкани оревчиња.

    Придобивките од консумирање тиква се многубројни.  Содржи витамин Б1, Б2, Б6, Ц и Е и бета каротен, минерали- фосфор, калциум, магнезиуми железо и растителни влакна, а има многу малку калории. Се препорачува да ја консумираат луѓето со висок холестерол и оние со вишок килограми.

     

Коментари (2)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.