Супа од тиква и сладок компир

Состојки
- 500 гр сладок компир
- 600 гр тиква
- 2 големи лажици домашна вегета
- хималајска сол по вкус
- 4-5 чешниња лук
- 20 грама изрендан ѓумбир
- мускатно оревче по вкус
- 1 млад кромид
- 100 гр кисела павлака од и.ореви
Начин на подготовка
Најпрво сварете ги компирот, тиквата, изренданиот ѓумбир и лукот, откако ќе бидат готови ставете ги во блендер заедно со дел од водата во која се вареле.
Вака изблендираната смеса, вратете ја назад во садот, додадете 2 лажици домашна вегета и хималајска сол по вкус, па оставете нека се вари уште на тивок оган уште 15тина минути.
Кога крем супата ќе биде готова, ставете ја во чинија, додадете лажица кисела павлака од индиски ореви и декорирајте со малку исечкан млад кромид или власец.
Коментари (1)
BennyScorn