Супа виножито

Состојки
- 5 моркови
- 200 гр прокељ
- 1/2 брокула
- 1/2 карфиол
- 2 компира
- 1/2 исечкан праз
- 2 големи лажици домашна вегета
- хималајска сол по вкус
- 2 лажици пченкарно брашно
Начин на подготовка
Најпрво сварете ги компирот, празот, карфиолот, брокулата и морковот.
Пред да бидат готови зеленчуците, ставете ги двете лажици пченкарно брашно во чаша и дополнете со ладна вода. Убаво размешајте за да не останат грутчиња, па вака подготвеното брашно истурете го во супата.
Откако ќе бидат готови другите зеленчуци, додадете ги и прокељот и брокулата и домашната вегета.
Со ова супата е веќе готова, ставете ја во чинија, и декорирајте со малку исечкан магдонос.
Коментари (2)
ashunkd8t315
CharlesSmabe