Супер - зелена супа

Состојки
- 4 литри вода
- 250 гр грашок
- 3 средни компири
- 2 страка праз
- 5-6 главички прокељ
- 150 гр спанаќ
- неколку листови нане
- лимон по вкус
- хималајска сол по вкус
- 2 лажици домашна вегета
- црн бибер
- 2-3 чешниња лук(изборно)
Начин на подготовка
Најпрво, излупете го компирот, насечете го на парчиња и ставете го да се вари во тенџере заедно со грашокот, исечканиот праз и прокељот. Исто така, можете да додадете неколку листови нане за вкус.
Оставете добро да се свари зеленчукот, а неколку минути пред да го тргнете тенџерето од оган, ставете го спанаќот малку да се обавари. Тој веднаш ќе омекне и затоа се доволни неколку минути.
Откако целиот зеленчук е добор сварен, извадете го и ставете го блендер заедно со водата во која се варел. Изблендирајте добро додека не добиете густа, кремаста смеса. Вратете го ја смесата пак во тенџере и додадете уште од водата во која се варел зеленчукот.
Ставете го тенџерето на тивок оган уште 5 минути и додајте ги зачините: домашната вегета, хималајската сол, лукот и црниот бибер. На крај, додадејте сок од 1 лимон. Измешајте добро и супер-зелената и здрава супа е готова за послужување!
Украсете со малку макало од лук и кругчиња од праз.
Уживајте!
Коментари (2)
Нерегистрирани
MichaelEmuch