Тарт со крем од калинка

Состојки
- ЗА ОСНОВА:
- 200 гр. бадеми потпоени 3-4 часа
- 15 излупени урми
- 20 гр кокосово масло
- 2 лажички природна ванила паста
- прстофат хималајска сол
- 2 лажички лимонов сок
- ЗА КРЕМ:
- 200 гр. индиски ореви потопени 1-2 часа
- 2 банани
- 100 мл лимонов сок
- 200 мл сок од калинка
- 100 мл сок од цвекло
- 100-150 мл агаве нектар или јаворов сируп
- 2 лажички природна ванила паста
- прстофат хималајска сол
- УКРАС: Зрнца од калинки
Начин на подготовка
За основа: Потопените бадеми излупете ги и ставете ги во дехидратор да се сушат.
Од нив со помош на садот за суво мелење на Vitamix бландерот, добиваме брашно.
(Доколку оваа постапка ви е предолга, можете да направите и брашно од бадеми до лушпа, меѓутоа основата во тој случај ќе биде со потемна боја)
Кога брашното е готово гставете го во Magimix процесорот за храна и додадете ги и другите состојки и обработете додека не добиете изедначена смеса.
Добиената смеса ставете ја во калап за тарт од 12 цм и оставете ја во фрижидер додека го правите кремот за да се стегне.
Ќе ви бидат потребни 3 калапчиња за тарт, на кои им се оддвојува дното.
За крем: Изблендирајте ги сите состојки во Vitamix блендерот додека не добиете мазна изедначена смеса.
Ставете ја врз основата и смесетете го калапот во фрижидер. Откога ќе се зацврсти, украсете со зрнцата од калинки.
Пред јадење, добро е да ја оставите малку да се опушти.
Коментари (5)
ashunk2rvkn6
ashunkcarhmz
BennyScorn
KennethTut
EugenevaH