Тарт со маринирани печурки и сос

3.7/5 оценка (3 гласови)
Тарт со маринирани печурки и сос

Состојки

  • 100 гр златно ленено семе
  • 1 тиквичка
  • 1 зрел домат
  • 25 гр сусам
  • 150 гр пулпа од моркови
  • 50 гр сончоглед
  • Хималајска сол по вкус

Начин на подготовка

  1. Ставете го лененото семе, тиквичката, пулпата од моркови и доматот во процесор за храна, убаво да се сомелат, на крај додадете ги сончогледот и сусамот без да ги мелете.

  2. Промешајте и ставете ја смесата во калап за да се дехидрира.

  3. Кога ќе биде готово “тестото” додајте одозгора доматен сос од свежи домати, наредете маринирани печурки и веганез.

    *Како дополнителна опција можете да наредите и сирење од индиски орев

Коментари (3)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.