Топло чоколадо

5.0/5 оценка (1 гласови)
  • Порции: 4
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Десерти
Топло чоколадо

Состојки

  • 250 мл лешниково млеко
  • 120 гр оризово интегрално брашно
  • прстофат сол
  • семе од ванила по вкус
  • јаворов сируп или друг засладувач по вкус
  • 1-2 лажици какао
  • 30 гр какао путер

Начин на подготовка

  1. Оризовото интегрално брашно го добивме со мелење на македонски интегрален ориз во Vitamix садот за суво мелење

  2. Ставете го млекото од лешник во мало тенџере, измешајте го оризовото брашно и вклучете го шпоретот на средна температура.

  3. Со маталка, мешајте ја смесата околу две минути. На почеток, ќе биде водена и ретка, но постепено ќе почне да се згустува. Можете да ја регулирате густината со додавање уште млеко од лешник ако стане премногу густа или со додавање уште оризово брашно ако е пoретка

  4. Потоа, додајте го засладувачот, ванилата, какаото, какао путерот  и солта, па добро промешајте.

    Уживајте во овој вегански топол рецепт за време на студени зимски денови!

    Напомена: Доколку во веќе готовата смеса имате мали грутчиња од оризовото брашно, ставете ја целата смеса во Vitamix блендерот за да стане хомегена, мазна смеса.

Коментари (2)

  • MichaelEmuch

    28 Декември 2016 u 19:34 |
    buy deltasone pills in united state online buy dipyridamole lopressor wellbutrin prices albuterol avodart nexium 40mg price lisinopril medication
  • MichaelEmuch

    04 Јануари 2017 u 03:24 |
    generic tadalis levaquin online cefixime price baclofen online gyne-lotrimin celexa

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.