Трислојна чоколадна торта

4.5/5 оценка (16 гласови)
  • Порции: 12
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Десерти
Трислојна чоколадна торта

Состојки

  • КОРА:
  • 250 гр ореви, потопени во вода неколку часа
  • 15-20 излупени урми
  • 2 големи лажици какао во прав
  • прстофат хималајска сол
  • 1 лажичка природен екстракт од ванила
  • ЧОКОЛАДЕН ФИЛ:
  • 250 гр потопени индиски ореви
  • 50 мл кокосово масло
  • 80 мл јаворов сируп или друг засладувач по вкус
  • 2 лажички природен екстракт од ванила
  • 1 голема лажица какао во прав
  • ЧОКОЛАДЕН СОС:
  • 50 мл кокосово масло
  • 1 лажичка природен екстракт од ванила
  • 100 мл маџун – природен гроздов сируп
  • 6 мали лажички какао во прав

Начин на подготовка

  1. ЗА КОРА: Ставете ги сите состојки во процесор за храна Magimix , вклучете го и нека работи додека не се добие изедначена смеса. Состојките за кората треба да се малку лепливи за да се држат заедно.

  2. ЗА ЧОКОЛАДЕН ФИЛ: Ставете ги индиските ореви, кокосовото масло, јаворовиот сируп, екстрактот од ванила и какакото во Vitamix машината. Прво вклучете го на променлива брзина и зголемете ја од 1 до 10, а потоа вклучете го на максимална брзина. Со помош на тамперот низ отворот од малото капаче овозможете добра обработка. Блендирајте додека да стане хомогена смеса. Со тоа е готов  вкусниот чоколаден крем од природни сосотојки.

  3. ЗА ЧОКОЛАДЕН СОС: Ставете ги сите состојки во длабок сад и добро измешајте додека не добиете изедначена смеса. Ако кокосовото масло е во цврста состојба, стопете го во сад на пареа.

  4. Смесата за кора нанесете ја убаво во калап за торта од 18 цм. Добро притиснете ја кората за да биде рамномерно нанесена насекаде. Потоа нанесете го чоколадниот фил, исто така, еднакво распореден и на крај нанесете го чоколадниот сос. Вака направената торта со калапот треба да стои во замрзнувач 5-8 часа за да се зацврсти.


    На крај украсете со домашен вегански шлаг и парчиња ореви.
    Уживајте во прекрасниот вкус на оваа здрава торта со вашите пријатели и роднини!

Коментари (1)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.