Тропско зеленило

5.0/5 оценка (1 гласови)
Тропско зеленило

Состојки

  • 6 излупени мандарини
  • 200 гр спанаќ
  • 2 банани
  • 10 урми или додадете засладувач според ваш вкус

Начин на подготовка

  1. Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и се дополнува со вода до максимално дозволената граница од 2L (изгравирана на контејнерот).

  2. Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди

  3. Ако сакате сокот да биде ладен, ставете 5-10 коцки мраз во садот пред да го вклучите апаратот.

  4. Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 2L зелен сок, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата. За најдобар вкус и густина, најдобро е водата да го облие нивото на намирниците кои се ставени во садот.

Коментари (1)

  • PeterAlatt

    04 Јануари 2017 u 09:01 |
    prednisone buy zithromax hydrochlorothiazide nexium prices buy cymbalta online

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.