Веган суши - рецепт на Ана Симова

Состојки
- 200 грама ориз
- 3 листови морски алги за суши
- половина авокадо
- половина краставица
- соја сос
- 3 лажици јаболков оцет
- хималајска сол по вкус
Начин на подготовка
Веган суши е вторитот рецепт кој ни го испрати Ана Симова за наградниот предизивик „Гответе со нас“.
Оризот се мие и се вари приближно 20 минути. Кога ќе се свари, се додава 3 лажици оцет, половина лажичка хималајска сол и шеќер.
Авокадото и краставицата се сечат на тенки ленти.
Се зема бамбусната подлога и врз неа се става листот од алга. Оризот се става рамномерно врз листот и на средина се ставаат 2 ленти од авокадото и краставицата. Потоа полека се витка со бамбусната подлога во кружна или коцкаста форма.
Од еден лист излегуваат приближно 8 парчиња.Сушито послужете го со соја сос.
Коментари (1)
CharlesSmabe