Веганез - Здрав суров мајонез

5.0/5 оценка (2 гласови)
Веганез - Здрав суров мајонез

Состојки

  • 130 грама индиски ореви (непечени), претходно потопени во вода 2-5 часа
  • 30 грама карфиол (свеж)
  • 30-50 мл филтрирана вода
  • 30 мл ладно цедено маслиново масло
  • 40-50 мл свежо исцеден лимонов сок
  • 5 мл сенф
  • 5 мл агаве нектар или мед
  • 5 мл јаболков оцет
  • 1/2 лажичка хималајска сол или по вкус

Начин на подготовка

  1. Ставете ги индиските ореви, карфиолот и водата во Vitamix машината. Прво вклучете го на променлива брзина и зголемете ја од 1 до 10, а потоа вклучете го на максимална брзина. Со помош на Тамперот низ отворот од малото капаче овозможете добра обработка. Блендирајте додека да стане хомогена смеса.

  2. Полека додавајте го маслото низ малиот отвор додека блендерот работи и блендирајте сè додека да се направи густа кремаста структура.

  3. Ставете ги останатите состојки и блендирајте додека да стане мазна смеса. Со тоа веќе е готов перфектниот здрав мајонез од сурови состојки.

  4. Потребно е готовиот мајонез да отстои 24 часа во фрижидер за да се добие саканата густина.

    Забелешка – Ќе ви биде потребен блендер со високи перформанси (high speed blender) како што е Витамикс, за да го добиете вистинскиот вкус, кремаста и мазна структура

Коментари (7)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.