Веганска урнебес салата - рецепт на Драгана Велковска

5.0/5 оценка (2 гласови)
  • Порции: 4
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Салати
Веганска урнебес салата - рецепт на Драгана Велковска

Состојки

  • 1/2 лажичка лута црвена пиперка
  • 1 лажичка хималајска сол
  • 1 голема лажица јаворов сируп или сируп од агаве
  • 1/2 чаша вода на собна температура или малку загреана
  • ЗА УРДА ОД БАДЕМИ:
  • 2 чаши (од 250 мл) живи бадеми, откиснати преку ноќ
  • 2 чаши (од 250 мл) ладна вода
  • сок од 1 лимон
  • 1 мала лажичка хималајска сол
  • 4 големи лажици квалитетно маслиново масло
  • ЗА САЛАТАТА:
  • 1 голема лажица домашен сенф
  • 2 големи лажици веганез
  • чили (по вкус)
  • ЗА СЕНФОТ:
  • 300 г бел синап
  • 1 чаша природно ферментиран органски оцет
  • 2 чаши вода
  • ЗА ВЕГАНЕЗОТ:
  • 300 гр тофу
  • ½ чаша индиски ореви, откиснати преку ноќ
  • 2 големи лажици јаболков оцет
  • 2 големи лажици сок од лимон
  • 2 големи лажици сенф
  • ¼ мала лажица куркума
  • 1 мала лажица кафен шеќер
  • 3 големи лажици маслиново масло
  • хималајска сол и црн бибер по вкус
  • Вода (по потреба)

Начин на подготовка

  1. Веганска урнебес салата според рецепт на Драгана Велковска кој доби специјална награда за декорација, начин на сервирање, фотографија и презентација на наградниот предизивик „Гответе со нас“.

    ЗА УРДАТА: Ставете ги излупените бадеми и водата во блендер и блендирајте сѐ додека не гледате веќе парчиња, треба да биде многу ситно. Ставете газа преку длабока чинија и истурете ја смесата со бадеми низ неа. Земете ја газата од сите страни и силно стиснете за да се исцеди цела течност. Течноста што ќе ви остане е млеко од бадеми спремно за пиење.

    Ставете ја газата со смесата во неа преку друг сад и отворете ја. Ставете го лимонот, морската сол и маслиновото масло и измешајте сѐ заедно со вилушка, потоа затворете ја газата и пак стиснете силно за да ја истиснете течноста. Ставете ја газата со смесата во чист сад со капак кој не пропушта воздух и стиснете ја озгора, затворете го капакот и оставете го во фрижидер околу еден час. Готово, имате сирење од бадеми! Ќе биде со слична текстура како фета и трае и до една недела во фрижидер.

  2. ЗА СЕНФОТ: Синапот се остава 3 дена да се кисне во водата и оцетот, покриен, на собна температура. Ќе ја апсорбира речиси целата течност, но сепак се прецедува. Му се додаваат сите останати состојки и се блендира на најјако додека не се добие посакуваната конзистенција. Може да има потреба од уште вода. Излегува една голема тегла од 600 мл.

  3. ЗА ВЕГАНЕЗОТ: За веганезот Изблендирајте ги индиските ореви и тофуто, па постепено додавајте ги оцетот и лимоновиот сок. Додајте ги останатите состојки, а маслиновото масло додавајте го постепено додека блендирате. Вода додавајте онолку колку што сакате да биде густ или течен мајонезот. Излегува една голема тегла од 600 мл.


  4. Измешајте ги сите состојки во една чинија и салатата е готова. Можно е да има потреба даго приспособите количеството на веганез/сенф според сопствениот вкус. Смесата нетреба да биде ни претечна, ни премногу сува, некаде на средина.

Коментари (2)

  • AlfredSoppy

    31 Декември 2016 u 22:48 |
    best price viagra methotrexate eurax buy prednisolone 5mg clindamycin 300 mg no perscription
  • CharlesSmabe

    04 Јануари 2017 u 09:16 |
    brahmi generic tadalafil online cost of tretinoin click here buy prometrium propranolol buy online

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.