Воден кефир - пробиотски еликсир на животот

4.4/5 оценка (8 гласови)
Воден кефир - пробиотски еликсир на животот

Состојки

  • 1 литар чиста филтрирана или изворска вода
  • 60 гр бел/суров/кафен шеќер, агаве нектар, палмин шеќер или јаворов сируп
  • 2 големи лажици кефирни зрна
  • 1/2 излупен или исцеден лимон, за регулирање на рН нивото
  • Изборно:
  • Две суви органски кајсии без сулфати
  • 1 сува смоква
  • Мал грст суво грозје
  • 1 сува слива

Начин на подготовка

  1. Изборно, можете да ја замените шеќерната вода со кокосова вода (сок од свеж кокос).

    НЕ користете мед освен ако кефирните зрна не се прилагодени на мед-медот е анти-микробен кој ќе ги убие неприлагодените кефирни зрна.

    Се ставаат кефирните зрна во шеќерна вода и ги оставате да ферментираат од 24 до 72 часа на собна температура. Крајниот резултат ќе зависи од темепратурата, видот на шеќер кој го користите, вашата кефирна култура, минералната содржина на водата, незагаденоста на водата и оошјето кое го користите.Ова е типичен рецепт за да направите 1 литар воден кефир. Ќе ви биде потребна 2-литарска тегла лабаво затворена или со тенок материјал за да може да прима воздух. Исто така, ќе ви биде потребна пластична цедилка.

  2. Стопете го шеќерот во вода. Ставете ги кефирните зрна, водата и другите состојки и нежно измешајте. Треба да има доволно простор на врвот од теглата.

  3. Покријте ја теглата со парче тенок материјал за да може да дишат зрната. Ставете ја теглата настрана на собна темепература на ладно место каде што не допира сончева светлина.
    Понекогаш кефирните зрна ќе пливаат нагоре, но претежно ќе останат на дното од теглата. Не е неопходно да го мешате кефирот додека ферментира иако нежно мешање или протресување на теглата може да помогне за ферментацијата.

  4. Појавувањето на бела или жолто-кремаста пена е нормална појава. Само исчистете ја со пластична или дрвена лажица откога ќе ферментира пијалакот.

  5. Кога ќе стаса кефирот, соберете ги парчињата овошје и фрлете ги, потоа  со пластична цедилка исцедете ги кефирните зрна за да направите друга тура. Кефирните зрна се размножуваат во зависност од условите.

  6. Ферментираниот кефир кој ќе го добиете се чува во фрижидер во стаклено шише. Кефирните зрна се користат за понатамошна употреба, дел, откако ќе се размножаат се даваат на  други луѓе или ако не сакате да правите кефир може да ги чувате во фрижидер во шеќерна вода или да ги замрзнете.

    Уживајте во придобивките на овој исклучително здрав, ферментиран пијалак!

    За повеќе информации за здравствените придобивки на водениот кефир, кликнете овде.

Коментари (3)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.