Зелен пудинг од јапонски јаболки

5.0/5 оценка (1 гласови)
  • Порции: 4
  • Сложеност: многу лесно
  • Категорија: Десерти
Зелен пудинг од јапонски јаболки

Состојки

  • 4 зрели јапонски јаболки
  • 5-10 свежи урми
  • 5 листа блитва
  • 10 листа спанаќ

Начин на подготовка

  1. Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и Vitamix-от се вклучува на ON, потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, а потоа се вклучува на турбо брзина.

  2. Во текот на обработката, цело време со помош на TAMPER-от (долгата рачка), кој се става преку малиот отвор на капакот од садот, го потпомагате миксирањето сè додека не добиете хомогена смеса со структура на пудинг (ориентационо времетраењето е околу 40 секунди).

  3. Уживајте во прекрасниот вкус на овој здрав и сладок рецепт, на кој и децата не можат да му одолеат.

  4. Пудингот може да се послужи веднаш, или да го чувате во фрижидер во следните 2-3 дена.

Коментари (8)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.