Зелен сок од житна трева

5.0/5 оценка (3 гласови)
Зелен сок од житна трева

Состојки

  • Еден грст млада житна трева
  • 3 листа млада марула
  • 5-6 листови од млад спанаќ
  • 2-3 листа млада блитва
  • 2-3 лимони или портокали
  • 1 лажица ленено семе за Омега 3
  • 1/3 мала лажичка хималајска сол
  • 5-10 коцки мраз

Начин на подготовка

  1. Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и се дополнува со вода до максимално дозволената граница од 2L (изгравирана на контејнерот).

  2. Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди.

  3. Ако сакате сокот да биде ладен, ставете 10-15 коцки мраз во садот пред да го вклучите апаратот

  4. Потоа можете да ја декорирате чашата со портокал или лимон.

  5. Послужете веднаш бидејќи зелениот сок од житна трева многу брзо оксидира.

  6. Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 2L зелен сок од житна трева, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата. За најдобар вкус и густина, најдобро е водата да го облие нивото на намирниците кои се ставени во са

  7. Терминот “житна трева” се однесува на трева порасната од жито (пченица), јачмен, овес и ‘рж.

    Житната трева се употребува за сок кога го достигнува својот нутриционистички врв кога е висока околу 18 см, односно 10 дена стара. Во тој момент тревата има акумилирано енергија која наскоро ќе произведе масовно забрзано растење, а токму таа енергија се преточува во сокот.

    Сокот од житна трева претставува сиров материјал на “жива храна”, кој е целосно биолошки употреблив за организмот. Потребна е 50 пати поголема сила за да се добие сокот (во споредба со друго овошје и зеленчук). Оваа сила од 2 коњски сили и 37 000 вртежи во минута која ја поседува Vitamix машината, ја прави способна за да ги раскине клеточните структури на житната трева со што ги ослободува сите хранливи материи кои биле заробени во растителните клетки (ензими, антиоксиданси, витамини, минерали и др.). Корисноста од овие хранливи елементи е што телото лесно и целосно ги апсорбира. Течноста која се добива има темно зелена боја и се нарекува сок од житна трева.

     

    Неверојатна содржина и хранлива вредност

    Се смета дека сокот од житна трева е комплетна храна, бидејќи содржи бета каротен и витамини B, C, E, H, K, 90 различни минерали и 19 амино киселини. Содржи повеќе железо од спанаќ, повеќе протеини од месо, риба, јајца, грав или млечни производи... со други зборови тој претставува природен еликсир за здравјето и животот.

    Сокот од житна трева содржи до 70% хлорофил, кој по хемискиот состав е многу сличен на хемоглобинот. Затоа се користи како ефикасен борец против анемија, за детоксикација на организмот на клеточно ниво, за прочистување на црниот дроб, го подобрува видот, нормализирање на нивото на шеќерот во крвта, служи за комплетно прочистување на организмот од насобраните отрови, разложува и чисти тумори и многу други здравствени придобивки.

Коментари (727)