Зелен сок со моринга, ананас и праска

5.0/5 оценка (2 гласови)
Зелен сок со моринга, ананас и праска

Состојки

  • 1 ананас
  • 300 гр праски (може и смрзнати)
  • 300 мл сок од портокал
  • 2 лажици моринга во прав
  • 2 лажички поленов прав
  • 10 урми или додадете засладувач според ваш вкус

Начин на подготовка

  1. Моринга е всушност дрво кое расте во Африка, и за кое се верува дека доколку консумирате 25 грама прав дневно од неговите листови - ќе ви подари дете. Листовите се богати со калиум, магнезиум, калциум, витамин А, витамин Ц, железо итн.Со овој сок на вкусен начин можете да уживате во здравствени придобивки од морингата.

    Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и се дополнува со вода до максимално дозволената граница од 2L (изгравирана на контејнерот).

  2. Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди

  3. Ако сакате сокот да биде ладен, ставете 5-10 коцки мраз во садот пред да го вклучите апаратот.

  4. Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 2L зелен сок, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата. За најдобар вкус и густина, најдобро е водата да го облие нивото на намирниците кои се ставени во садот.

Коментари (4)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.