Зелена супа од брокула

5.0/5 оценка (1 гласови)
  • Порции: 6
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Супи
Зелена супа од брокула

Состојки

  • 2 средни глави брокула
  • 3 литри вода
  • 70 гр индиски ореви
  • 4 средни компири
  • 3 страка праз
  • 1 врзоп млада блитва
  • лимон по вкус
  • хималајска сол по вкус
  • 2 лажици домашна вегета
  • црн бибер
  • 2 големи лажици макало со лук или истолчен лук

Начин на подготовка

  1. Брокулата е зелен зеленчук кој во минатото бил ретко  застапен во нашата македонска кујна, но денес често може да се сретне во рецепти за салати, супи итн. Брокулата како растение преставува права ризница на корисни нутиритенти, кои се многу значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Таа содржи големи количества на витамини А, Ц и Е, минерали: калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки.

    Брокулата е моќен антиоксиданс, кој го штити организмот од штетното дејство на слободните радикали. Таа врши детоксикација на организмот (Детоксикацијата е процес на чистење на организмот од отрови, кои го намалуваат имунитетот и ја зголемуваат веројатноста од заболување). Според тоа, брокулата е одличен природен лек кој го зајакнува имунитетот. Со зајакнувањето на имунолошкиот систем во организмот, тој успешно се бори против инфекциите и другите штетни влијанија врз организмот. Брокулата го превенира настанување на многу заболувања, влучувајќи ги и малигните болести. Таа го одржува организмот во одлична психичко - физичка кондиција.

  2.  

    Најпрво, излупете го компирот, насечете го на парчиња и ставете го да се вари во тенџере заедно со исечканиот праз.

    Оставете добро да се свари зеленчукот, а неколку минути пред да го тргнете тенџерето од оган, ставете ја блитвата и броклулата во тенџерето малку да омекнат.

    Едната глава од брокулата извадете ја од тенџерето , исечкајте ја на парчиња и ставете ја на страна.

  3. Откако целиот зеленчук е добор сварен, извадете го и ставете го блендер заедно со водата во која се варел. Изблендирајте добро додека не добиете густа, кремаста смеса.  Вратете ја смесата пак во тенџере и додадете уште од водата во која се варел зеленчукот и секако исечканата брокула.

  4. Ставете го тенџерето на тивок оган уште 5 минути и додајте ги зачините: домашната вегета, хималајската сол, макалото од лук (лукот) и црниот бибер. На крај, додадејте сок од 1 лимон. Измешајте добро и зелената и здрава супа е готова за послужување!

    Украсете со малку макало од лук.

    Уживајте!

Коментари (4)

  • ashunkb3r8dp

    15 Декември 2016 u 06:24 |
    amoxil generic karela pepcid propranolol order online zanaflex 4mg tablets amaryl lasuna generic tadalis sx
  • ashunkor9g4y

    17 Декември 2016 u 20:35 |
    vasotec 2.5 mg zyloprim reglan baclofen 10 mg no prescription citalopram 40 mg tablet buy neurontin mobic
  • KennethTut

    29 Декември 2016 u 17:46 |
    benicar online abilify price valsartan hydrochlorothiazide clonidine website cafergot & internet pharmacy where can i order viagra lisinopril medrol
  • AaronLaupt

    04 Јануари 2017 u 21:41 |
    cheap amitriptyline

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.