Зелена течна салата

Состојки
- 3-4 листа обична марула (или путер марула)
- 8-10 листа од млад спанаќ
- 3-4 листа блитва
- 1 цела краставица
- Половина китка магдонос
- Едно младо кромитче (по избор)
- 3 излупени лимони (или исцедени)
- Третина кафена лажичка хималајска сол
- 1 лажица ленено семе или чиа
Начин на подготовка
Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и се дополнува со вода до максимално дозволената граница од 2L (изгравирана на контејнерот).
Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди.
Ако сакате сокот да биде ладен, ставете 5-10 коцки мраз во садот пред да го вклучите апаратот.
Потоа можете да ја декорирате чашата со портокал или лимон.
Послужете веднаш и уживајте во прекрасниот вкус исполнет со xранливост.
Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 2L зелен сок, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата. За најдобар вкус и густина, најдобро е водата да го облие нивото на намирниците кои се ставени во садот
Коментари (2)
ashunk976b56
MichaelEmuch