Зелена убавина

Состојки
- 200 гр свежа или смрзната јагода
- 10 листа блитва
- 1 голема круша
- 1 јаболко
- 300 мл сок од мандарини
- 10 урми или додадете засладувач според ваш вкус
Начин на подготовка
Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и се дополнува со вода до максимално дозволената граница од 2L (изгравирана на контејнерот).
Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди
Ако сакате сокот да биде ладен, ставете 5-10 коцки мраз во садот пред да го вклучите апаратот.
Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 2L зелен сок, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата. За најдобар вкус и густина, најдобро е водата да го облие нивото на намирниците кои се ставени во садот.
Коментари (3)
ashunkitpaen
ashunkv6vu5h
MichaelEmuch