Зелка салата со кикирики - рецепт на Лилјана Давкова

5.0/5 оценка (1 гласови)
  • Порции: 4
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Салати
Зелка салата со кикирики - рецепт на Лилјана Давкова

Состојки

  • 400 гр кинеска зелка
  • 2 моркови
  • 2 стебленца млад кромид
  • ПРЕЛИВ:
  • 50 гр нелупени, непечени кикирики
  • 2 лажици мед
  • 3 лажици јаболков оцет
  • 1 лажица сусамово масло
  • 1 лажичка хималајска сол
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици вода

Начин на подготовка

  1. Зелка салата со кикирики, еден од рецептите кои ни ги испрати Лилјана Давкова за наградниот предизвик „Гответе со нас“.

    Исечете ја зелката покрупно, морковот на ленти,  младиот кромид заедно на тркалца со перцата,зелениот дел, и сето ова ставете во садот во кој ќе ја спремите салатата.

  2. Кикиритките потпржете ги кратко во тавче со 2 лажици масло, тргнете ги и извадете ги и оставете да се оладат. Зачувајте го маслото. Откога ќе се оладат кикириките, истолчете ги.

  3. Во сад ставете медот , хималајската сол, водата, лукот, сусамовото масло и јаболковиот оцет. Измешајте добро, додадете ги толчените кикиритки и преостанатото масло од кикириките.

  4. Добиениот прелив измешајте го со претходно исечената салата и измешајте. За вкус пробајте и додадете хималајска сол или едноставно прилагодете за кисело или солено според вашиот вкус.

Коментари (4)

  • KennethTut

    07 Јануари 2017 u 09:38 |
    ampicillian lipitor cost viagra neurontin online tretinoin cream 0.05
  • RobertWrids

    09 Јануари 2017 u 01:02 |
    zofran online lasix loop diuretic fluoxetine pill doxycycline buy prometrium online discount cialis
  • TracyCib

    10 Јануари 2017 u 01:50 |
    buy celexa glucophage full report lexapro 10 mg buy retin a medication rocaltrol without prescription doxycycline monohydrate augmentin clonidine online zyloprim 300 mg
  • AlfredSoppy

    11 Јануари 2017 u 12:46 |
    prometrium azithromycin generic silagra allegra buy deltasone erythromycin 500mg

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.