Жива пица

4.5/5 оценка (2 гласови)
Жива пица

Состојки

  • 50 гр златно ленено семе
  • 200 гр накиснета палента
  • 1 зрел домат
  • 150 гр пулпа од моркови
  • 50 гр сончоглед
  • хималајска сол по вкус

Начин на подготовка

  1. Ставете го лененото семе, палентата, сончогледот, пулпата од моркови и доматот во процесор за храна за убаво да се сомелат.

  2. Промешајте и ставете ја смесата на силиконска подлога да се дехидрира.

  3. Кога ќе биде готово „тестото” додајте одозгора доматен сос од свежи домати,заросере малку оригано и наредете маринирани печурки и веганез.

    *Како дополнителна опција можете да наредите и сирење од индиски орев.

Коментари (7)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.