Зрело сирење

5.0/5 оценка (3 гласови)
  • Порции: 5
  • Сложеност: сложено
  • Категорија: Сирења
Зрело сирење

Состојки

  • 250 гр потопени јатки или семиња – индиски ореви, макадамија, сончоглед и сл. (обидете се комбинација на јатки за оптимална текстура и арома)
  • 2 големи лажици пробиотска течност (кимчи раствор, воден кефир, режувелак)
  • 2-6 големи лажици вода (колку да се изблендира целосно)
  • 1/4 лажичка сол
  • 2 лажички нутритивен квасец
  • 1/2 лажичка лимонов сок
  • цуви зачини по желба (куркума, црн бибер, лук во прав, црвен пипер ...)

Начин на подготовка

  1. Ако не сте пробале да направите зрело сирење, ова е вистинскиот момент да го направите тоа. Ова е најдоброто веган сирење кое сте го пробале.

  2. Напредно ферментирање на сирење

     

    Ферментација со пробиотска течност:

     

    250 гр потопени јатки или семиња – индиски ореви, макадамија, сончоглед и сл.

    (обидете се комбинација на јатки за оптимална текстура и арома)

    2 големи лажици пробиотска течност

    (кимчи раствор, воден кефир, режувелак)

    2-6 големи лажици вода (колку да се изблендира целосно)

     

    Ферментација со пробиотик во прав:

     

    250 гр потопени јатки семиња – индиски ореви, макадамија, сончоглед и сл.

    (обидете се комбинација на јатки за оптимална текстура и арома)

    70-120 мл вода (колку да се изблендира целосно)

    1/2 лажичка пробиотик во прав

  3. Изблендирајте ги сите состојки во Vitamix блендерот додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја смесата во чиста газа или во вреќичка за цедење на млеко и ставете ја во голема цедилка со тежок предмет врз неа и длабока чинија под неа.

    Тежината не треба да биде голема за да го истисне  сирењето од ткаенината, туку доволно тешка само да ја истисне течноста од сирењето.

  4. Оставете да ферментира најмалку 24 часа, но не повеќе од 48 часа проверувајќи го на секои 12 часови.

    После ферментацијата на сирењето му се додаваат основните зачини за сирење од јатки:

    • 1/4 лажичка сол
    • 2 лажички нутритивен квасец
    • 1/2 лажичка лимонов сок

    Можете да ги прилагодите зачините по вкус и да додадете зачински билки или други зачини по желба.

  5. После зачинувањето сирењето се става во кружна или коцкаста модла и се остава во фрижидер да отстои. По приближно една недела сирењето ќе фати кора и тогаш се вади модлата и се остава сирењето уште една недела за да се доврши процесот на зреење.

     

  6. Напомена: Вашиот вкус ќе го креира вашето сирење, колку различни пробиотици, јатки и зачини користите, толку различни сирења ќе добиете.

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.