Блитвата, основата на овој сок, како и другите зелени растенија има многу малку калории и масти, а е богата со хранливи материи како витамин Ц, витамин К, А и Б комплекс, минерали бакар, калциум, натриум, калиум, манган и фосфор. Редовното користење на блитва во исхраната помага во спречување остеопороза, анемија и недостиг на витамин А, исто така се верува дека заштитува од кардиоваскуларни заболувања и рак на дебело црево и простата.