а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш #

Рецепти со таг: блитва

Зелен пудинг од јапонски јаболки
  • Сложеност: многу лесно
  • Категорија: Десерти

Зелен пудинг од јапонски јаболки

Јапонското јаболко, познато е и уште како „божествено овошје“ е богат извор на фитохемикалии кои помагаат при воспалителните реакции и инфекции. Го зајакнува имунитетот, го регулира шеќерот во крвта, го подобрува производството на црвени крвни клетки и е природен лек против икање.

Зелена убавина

Зелена убавина

Блитвата, основата на овој сок, како и другите зелени растенија има многу малку калории и масти, а е богата со хранливи материи како витамин Ц, витамин К, А и Б комплекс, минерали бакар, калциум, натриум, калиум, манган и фосфор. Редовното користење на блитва во исхраната помага во спречување остеопороза, анемија и недостиг на витамин А, исто така се верува дека заштитува од кардиоваскуларни заболувања и рак на дебело црево и простата.

Зелена супа од брокула
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Супи

Зелена супа од брокула

Брокулата е зелен зеленчук кој во минатото бил ретко  застапен во нашата македонска кујна, но денес често може да се сретне во рецепти за салати, супи итн. Брокулата како растение преставува права ризница на корисни нутиритенти, кои се многу значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Таа содржи големи количества на витамини А, Ц и Е, минерали: калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки.

 

Виолетов сон

Виолетов сон

Виолетовите овошја врз основа на нивната боја се богати со антиоксиданти, познати како антоцијанини. Овие пигменти покажуваат моќни својства во заштита на клетките, а исто така имаат антивоспалителни својства помагајќи да се намали систематското воспаление кое е клучен фактор во развојот на многу хронични заболувања.

Зелен сок Тропико

Зелен сок Тропико

Во овој зелен сок се балансирани четирите вкусови на благо, кисело, луто и горчливо. За благиот вкус придонесуваат бананите и урмите, за киселиот, мандарините и ананасот, за лутиот, ѓумбирот и за горчливиот, блитвата. Сепак, кога ќе се спојат во единствена смеса, се добива совршено избалансиран и неповторлив вкус.

Детокс - блитва, ѓумбир, јаболко и киви

Детокс - блитва, ѓумбир, јаболко и киви

Кивите се единствено овошје што го содржат ензимот  актинидин и тоа е она што ги прави толку посебни. Актинидинот, кој претставува ензим за разградување на протеини, ја стимулира дигестијата на храната.

Детокс - коријандер,јаболко, блитва и портокал

Детокс - коријандер,јаболко, блитва и портокал

Коријандерот е познат како одличен врзувач за тешките метали од организмот. Ова значи дека содржи состојки кои едноставно ги наоѓаат тешките метали во вашето тело, се врзуваат со нив и им помагаат да ги исфрлите од вашиот систем. Со други зборови, коријандерот е еден од најдобрите, ако не и најдобро детокс растение на земјата.

Ѕвезден зелен сок

Ѕвезден зелен сок

Овој зелен сок го нарековме ѕвезден поради носечкото овошје кое го содржи.

Карамболата (Англ. Starfruit) има златно-жолта надворешност која крие крцкав сладок вкус кој е комбинација на оној од ананасот, јаболкото и кивите.

Ова звездено овошје освен што има интригантна надворешност, има и одличен нутритивен профил, плодот изобилува во витамин Ц, антиоксиданси, а од друга страна  има низок процент на шеќери.

 Кај нас во Македонија можете да го најдете во подобро снабдените супермаркети.

Салата во ролна - рецепт на Ана Симова
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Салати

Салата во ролна - рецепт на Ана Симова

Салата во ролна, рецептот на Ана Симова доби најмногу гласови на наградниот предизвик „Гответе со нас“ и го зема првото место.

Зелен сок од житна трева

Зелен сок од житна трева

Се смета дека сокот од житна трева е комплетна храна, бидејќи содржи бета каротен и витамини B, C, E, H, K, 90 различни минерали и 19 амино киселини. Содржи повеќе железо од спанаќ, повеќе протеини од месо, риба, јајца, грав или млечни производи... со други зборови тој претставува природен еликсир за здравјето и животот.

Зелена течна салата

Зелена течна салата

Со три зеленолиснати растенија- блитва, спанаќ и марула, овој зелен кашест сок не може да не биде вистинска нутритивна инфузија со  вкус на неодолива течна салата.