а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш #

Рецепти со таг: лимон

Мотовилец меѓу срца
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Салати

Мотовилец меѓу срца

Мотовилецот е едногодишно растение, кое се карактеризира со низок раст и мали заоблени и меки ливчиња. Мотовилецот е богат со витамини А, Б и Ц, минерали, калиум, калциум и железо, исто така, содржи протеини и растителни влакна, фитонутриенти и антиоксиданти кои штитат од рак и кардиоваскуларни заболувања. Освен тоа, го намалува лошиот (ЛДЛ) холестерол, а го зголемува добриот (ХДЛ) холестерол и има одличен вкус.

Детокс - зелена јаболка, лимон и ѓумбир

Детокс - зелена јаболка, лимон и ѓумбир

 Ѓумбирот веќе долго време се користи како храна и како лек. Оваа билка е одличен лек против мачнини, абдоминална болка, крварење и реума.

Денес, ѓумбирот, како што истакнуваат научниците, е идеален лек против воспаление, оток и болки, но се користи и за да смири кашлица, зајакнување на имунолошкиот систем, спречува настинки и секако помага и во забрзување на метаболизмот.

Зрело сирење
  • Сложеност: сложено
  • Категорија: Сирења

Зрело сирење

Ако не сте пробале да направите зрело сирење, ова е вистинскиот момент да го направите тоа. Ова е најдоброто веган сирење кое ќе го пробате.

Супа од анасон и авокадо
  • Сложеност: многу лесно
  • Категорија: Супи

Супа од анасон и авокадо

Анасонот, основата на оваа жива супа, е богат со растителни влакна, витамин Ц, калиум и манган. Авокадото, пак, е одличен извор на здрави масти - омега-3 масни киселини. Со оваа супа, на одличен и вкусен начин ќе ги почувствувате нивните здравствени придобивки.

 

Салата со бричен аспарагус
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Салати

Салата со бричен аспарагус

Аспарагусот е повеќегодишно растение и еден од најстарите познати зеленчуци. Овој нискокалоричен зеленчук (има само 20кал во 100 гр)е исклучително богат со витамини како А, К, Б, Ц ,Е и фолна киселина, минерали како  железо, бакар, манган, калиум, цинк, магнезиум и селен и растителни влакна, но за жал кај нас во Македонија се користи многу малку или воопшто не се користи во исхраната.

Аспарагусот има низа здравствени придобивки и е одличен да се користи како детокс зеленчук, и на изненадување на многумина како афродизијак.

Зелена супа од брокула
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Супи

Зелена супа од брокула

Брокулата е зелен зеленчук кој во минатото бил ретко  застапен во нашата македонска кујна, но денес често може да се сретне во рецепти за салати, супи итн. Брокулата како растение преставува права ризница на корисни нутиритенти, кои се многу значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Таа содржи големи количества на витамини А, Ц и Е, минерали: калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки.

 

Алфредо сос

Алфредо сос

Вкусен сос кој е бил идеален за било која сурова паста.

Жив хумус

Жив хумус

Вкусно и здраво предјадење богато со омега-3 масни киселини, железо, витамин Б6, фолна киселина, манган...Може да се користи како намаз во сендвичи, прелив за салата, како макало со свеж зеленчук или како додаток на главно јадење.

Сирење од бадеми
  • Сложеност: многу лесно
  • Категорија: Сирења

Сирење од бадеми

Доколку немате идеја што да правите со пулпата која ви останува од секојдневното цедење на бадемово млеко, еве ви еден вкусен рецепт за брзо приготвување.

Тарт со крем од калинка
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Десерти

Тарт со крем од калинка

Едно од најстарите познати овошја кое се наоѓа  во пишувањата и артефактите на многу култури и религии, калинката (punica granatum) вистински потекнува од Персија. Богата со хранливи материи и антиоксиданти, калинката се смета како симбол за здравјето, плодноста и вечниот живот.

Макало со лук

Макало со лук

Ем македонско, ем живо, ем здраво, ем вкусно!

Сок од магдонос

Сок од магдонос

Иако обично се употребува како украс или предјадење, додавањето магдонос во зелениот сок е паметна одлука. Магдоносот содржи уникатни етерични масла како што се миристицин, лимонен, еугенол и алфа-тујен. Се покажало дека етеричните масла, а особено миристицинот, го инхибираат формирањето на тумор, особено во белите дробови. Флавоноидите како што е лутеолин, се присутни во магдоносот и служат како антиоксиданти . Додавањето магдонос во зелениот сок освен што ќе му додаде вкус, дури може и да го намали ризикот од рак. Бонусот е тоа што вашиот здив ќе биде свеж.

Сок од калинка и јаболко

Сок од калинка и јаболко

Калинката со векови била употребувана како храна ,но и како лек од Божјата аптека, црвените зрнца на калинката многу потсетуваат на црвените крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост. Тие се добар извор на антиоксиданти.

Калинката е полна со антиоксиданти, витамини А, Б5, Ц, Е, калиум, фолна киселина и железо.

Кисела павлака

Кисела павлака

Кисела павлака во „жива“ веганска варијанта.

Кокосовки

Кокосовки

Кокосовото масло во последно време станува сè повеќе популарно и тоа со причина. Неговата единствена комбинација на масни киселини има големи позитивни ефекти врз здравјето.Ова вклучува губење на килограми, подобрена мозочна функција , има антибактериски, антивирусни и антигабични својства помагајќи во борба со инфекциите.

[12 3  >>