Табуле (табули) е традиционална салата од Блискиот Исток која се подготвува со булгур односно кршена пченица. Нашата верзија е направена со просо поради неговите многубројни здравствени придобивки. Просото е една од ретките житарки која дејствува алкално на организмот и не содржи глутен. Освен одличниот вкус и текстура содржи магнезиум, бакар, манган и фосфор. Во табуле салатата просото е споено со традиционалните состојки за табуле, магданос, нане, домати, кромид и лимон. Овие состојки дејствуваат синергетски да создадат вкусна салата која помага за детоксикација. Магданосот помага да се исфрлат канцерогените, нането помага при варењето, а лимонот го зајакнува имунилошкиот систем.