Црвената ротква е еден од најздравите коренасти зеленчуци кој може да се јаде често, а списокот на здравствени продобивки од истите е навистина долг. Сето тоа се должи на многуте хранливи материи кои се содржат во ротквата, како што се витамин Ц, Б6, Е, А, и К, антиоксиданси, влакна и широк спектар на минерали како цинк, фосфор, бакар, калциум, магнезиум, калиум , железо и манган.