а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш #

Рецепти со таг: портокал

Детокс - ананас, портокал, полен и куркума

Детокс - ананас, портокал, полен и куркума

Curcuma Longa е латинското име на куркумата, се одликува со темно кафена кожа  и прекрасна портокалова внатрешност. Куркумата долго време се користи во кинеската и индиската медицина како моќно растение (корен) против широк спректар воспалителни процеси како подуеност, жолтица, менструални проблеми, крвава урина, крварење, забоболка, модринки, болки во градите итн.

Црвено - жолто - зелено

Црвено - жолто - зелено

Јагоди, банани и портокал со спанаќ и нема да погрешите ниту со вкусот, ниту со здравјето.

Сок од ананас, боровинка и портокал

Сок од ананас, боровинка и портокал

Ананасот е егзотично овошје кое е вистински спој на здрави и корисни состојки. Ананасот е богат со ензими, витамини, минерали како на пример, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, јод, цинк, манган, провитамин А, витамини Е, Ц, витамини од групата Б, растителни влакна, ензим – бромелаин. Ананасот го јакне природниот имунитет на организмот, го поттикнува метаболизмот и позитивно делува и на заштита на организмот од штетното дејство на слободните радикали.Препорачуваме ананасот да се јаде свеж, бидејќи тогаш содржи најмногу лековити својства.

Салата со бричен аспарагус
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Салати

Салата со бричен аспарагус

Аспарагусот е повеќегодишно растение и еден од најстарите познати зеленчуци. Овој нискокалоричен зеленчук (има само 20кал во 100 гр)е исклучително богат со витамини како А, К, Б, Ц ,Е и фолна киселина, минерали како  железо, бакар, манган, калиум, цинк, магнезиум и селен и растителни влакна, но за жал кај нас во Македонија се користи многу малку или воопшто не се користи во исхраната.

Аспарагусот има низа здравствени придобивки и е одличен да се користи како детокс зеленчук, и на изненадување на многумина како афродизијак.

Детокс - коријандер,јаболко, блитва и портокал

Детокс - коријандер,јаболко, блитва и портокал

Коријандерот е познат како одличен врзувач за тешките метали од организмот. Ова значи дека содржи состојки кои едноставно ги наоѓаат тешките метали во вашето тело, се врзуваат со нив и им помагаат да ги исфрлите од вашиот систем. Со други зборови, коријандерот е еден од најдобрите, ако не и најдобро детокс растение на земјата.

Детокс - куркума, круша, ананас и портокал

Детокс - куркума, круша, ананас и портокал

Куркумата има биберест, топол и малку горчлив вкус. Овој корен  е најдобро познат како една од состојките кои се користат да се направи кари, исто така е познат и како боја со која се обојуваат многу прехрамбени продукти, меѓу кои е и сенфот.

Curcuma Longa е латинското име на куркумата, се одликува со темно кафена кожа  и прекрасна портокалова внатрешност. Куркумата долго време се користи во кинеската и индиската медицина како моќно растение (корен) против широк спректар воспалителни процеси како подуеност, жолтица, менструални проблеми, крвава урина, крварење, забоболка, модринки, болки во градите итн, Куркумата традиционално се нарекува "индиски шафран", поради нејзината длабока жолто-портокалова боја, и користењето во текот на историјата како зачин, лек и текстилна боја.

 

Маракуја - зелен сок

Маракуја - зелен сок

Маракујата, основата на овoj сок е необично, но исклучително овошје. Најмногу е познато по тоа што дејствува смирувачки на нервниот систем , па по неговото консумирање ќе бидете посмирени и поопуштени. Исто така, одличен извор е на антиоксиданти, содржи високи количини на Витамин А, Ц и калиум, неговоте семки се богати со растителни влакна, го намалува холестеролот во крвта и крвниот притисок.

Зелен сок со моринга, ананас и праска

Зелен сок со моринга, ананас и праска

Моринга е всушност дрво кое расте во Африка, и за кое се верува дека доколку консумирате 25 грама прав дневно од неговите листови - ќе ви подари дете. Листовите се богати со калиум, калциум, витамин А, витамин Ц, железо итн.Со овој сок на вкусен начин можете да уживате во здравствени придобивки од морингата.

Детокс - ѓумбир, црвена зелка, јаболко и портокал.

Детокс - ѓумбир, црвена зелка, јаболко и портокал.

Овој рецепт за сок од црвена зелка е потполно природен и супер здрав. Црвената зелка во комбинација со јаболка и ѓумбир е изненадувачки вкусна! Го зајакнува имунолошкиот систем, има невеорајтни својства против стареење и е богат со состојки кои се борци против ракот! Откако ќе го пробате овој сок, сигурни сме дека ќе стане вежен дел од вашата исхрана

Цикорија во црвено

Цикорија во црвено

Цикоријата, денес, е позната како култивирана билка, добиена од дивата цикорија која се користи во народната медицина за заболување на црниот дроб, за зајакнување и за чистење на организмот. Исто така, ефикасна е за намалување на холестеролот и масните материи во крвта.