а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш #

Рецепти со таг: спанаќ

Црвено - жолто - зелено

Црвено - жолто - зелено

Јагоди, банани и портокал со спанаќ и нема да погрешите ниту со вкусот, ниту со здравјето.

Зелен пудинг од јапонски јаболки
  • Сложеност: многу лесно
  • Категорија: Десерти

Зелен пудинг од јапонски јаболки

Јапонското јаболко, познато е и уште како „божествено овошје“ е богат извор на фитохемикалии кои помагаат при воспалителните реакции и инфекции. Го зајакнува имунитетот, го регулира шеќерот во крвта, го подобрува производството на црвени крвни клетки и е природен лек против икање.

Свила во зелена боја

Свила во зелена боја

Кајсиите му даваат одличен шмек на овој зелен сок со спанаќ.

Крем супа со црвена леќа - рецепт на Лилјана Давкова
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Супи

Крем супа со црвена леќа - рецепт на Лилјана Давкова

Крем супа од црвена леќа е третонаградениот рецепт на Лилјана Давкова за наградниот предизвик „Гответе со нас“.

Лепче со авокадо и никулци - рецепт на Ивана Грбиќ

Лепче со авокадо и никулци - рецепт на Ивана Грбиќ

Лепче со авокодо и никулци според рецепт на Ивана Грубиќ што ни го испрати за наградниот предизвик „Гответе со нас“.

Тропско зеленило

Тропско зеленило

Мандарините, кои се основа на овој зелен сок, како и другите видови цитрусни овошја се  одличен извор на витамин А и Ц, но исто така содржат и други хранливи материи како флавоноиди, фолат(витамин Б) и калиум.

Шпагети со алфредо сос и спанаќ

Шпагети со алфредо сос и спанаќ

Невообичаени шпагети од тиква со алфредо сос, „овенат“ спанаќ и шитаке печурки.

Ѕвезден зелен сок

Ѕвезден зелен сок

Овој зелен сок го нарековме ѕвезден поради носечкото овошје кое го содржи.

Карамболата (Англ. Starfruit) има златно-жолта надворешност која крие крцкав сладок вкус кој е комбинација на оној од ананасот, јаболкото и кивите.

Ова звездено овошје освен што има интригантна надворешност, има и одличен нутритивен профил, плодот изобилува во витамин Ц, антиоксиданси, а од друга страна  има низок процент на шеќери.

 Кај нас во Македонија можете да го најдете во подобро снабдените супермаркети.

Кралски зелен сок

Кралски зелен сок

Овој зелен сок го нарековме кралски поради носечкото овошје кое го содржи.Мангостинот поради уникатниот изглед и специфичниот вкус, често е нарекуван "крал на тропското овошје", однадвор бојата му е темно виолетова, а формата му е тркалезна.Додека внатре се наоѓа срцевината која е поделена на неколку делови, кои се белузлави и слатки.

Кај нас во Македонија неможете да го најдете, барем ние досега не сме успеале.

Зелен сок од житна трева

Зелен сок од житна трева

Се смета дека сокот од житна трева е комплетна храна, бидејќи содржи бета каротен и витамини B, C, E, H, K, 90 различни минерали и 19 амино киселини. Содржи повеќе железо од спанаќ, повеќе протеини од месо, риба, јајца, грав или млечни производи... со други зборови тој претставува природен еликсир за здравјето и животот.

Зелена течна салата

Зелена течна салата

Со три зеленолиснати растенија- блитва, спанаќ и марула, овој зелен кашест сок не може да не биде вистинска нутритивна инфузија со  вкус на неодолива течна салата.

Супер - зелена супа
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Супи

Супер - зелена супа

Супер-зелена и супер-здрава супа која речиси и да не содржи масти, а е богата со растителни влакна, железо, калиум, магнезиум и протеини.

Перуанско зеленило

Перуанско зеленило

Фисалис (Physalis minima) е овошје кое со години се користело во ајурведската традиционалната медицина поради неговите здравствени придобивки. Најмногу е познато по неговите антиканцерни својства, но дејствува и како диуретик, лаксатив со антивоспалителни, антибактериски и антимикробни својства.