а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш #

Рецепти со таг: ѓумбир

Детокс - зелена јаболка, лимон и ѓумбир

Детокс - зелена јаболка, лимон и ѓумбир

 Ѓумбирот веќе долго време се користи како храна и како лек. Оваа билка е одличен лек против мачнини, абдоминална болка, крварење и реума.

Денес, ѓумбирот, како што истакнуваат научниците, е идеален лек против воспаление, оток и болки, но се користи и за да смири кашлица, зајакнување на имунолошкиот систем, спречува настинки и секако помага и во забрзување на метаболизмот.

Детокс- ананас, мандарина, ѓумбир, јаболко

Детокс- ананас, мандарина, ѓумбир, јаболко

Ананасот е егзотично овошје кое е вистински спој на здрави и корисни состојки. Ананасот е богат со ензими, витамини, минерали како на пример, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, јод, цинк, манган, провитамин А, витамини Е, Ц, витамини од групата Б, растителни влакна, ензим – бромелаин. Ананасот го јакне природниот имунитет на организмот, го поттикнува метаболизмот и позитивно делува и на заштита на организмот од штетното дејство на слободните радикали.Препорачуваме ананасот да се јаде свеж, бидејќи тогаш содржи најмногу лековити својства.

Зелен сок Тропико

Зелен сок Тропико

Во овој зелен сок се балансирани четирите вкусови на благо, кисело, луто и горчливо. За благиот вкус придонесуваат бананите и урмите, за киселиот, мандарините и ананасот, за лутиот, ѓумбирот и за горчливиот, блитвата. Сепак, кога ќе се спојат во единствена смеса, се добива совршено избалансиран и неповторлив вкус.

Сируп од мед и ѓумбир
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Зачини

Сируп од мед и ѓумбир

За лековитоста на медот знаеме сите, а и за ѓумбирот исто така, додека нивната комбинација претставува вистиски еликсир!

Се верува дека овој  сируп од ѓумбир и мед има антиоксидантни својства, а со тоа доаѓа и зголемување на имунитетот на организмот.

Исто така внесувањето на 2-3 лажички од овој сируп многу корисно за луѓе кои имаат слаб дигестивниот систем.

Детокс - блитва, ѓумбир, јаболко и киви

Детокс - блитва, ѓумбир, јаболко и киви

Кивите се единствено овошје што го содржат ензимот  актинидин и тоа е она што ги прави толку посебни. Актинидинот, кој претставува ензим за разградување на протеини, ја стимулира дигестијата на храната.

Кимчи

Кимчи

Кимчи е вид на ферментирана салата која се прави во Кореа со векови и е богата со пробиотици како бактерии на млечна киселина. Ферментацијата е одлличен начин да се зачува зеленчукот и да се направи полесен за дигестија.

Детокс - ѓумбир, грозје, јаболко и мандарина

Детокс - ѓумбир, грозје, јаболко и мандарина

Овој рецепт за сок од јаболко, грозје и мандарина е навистине освежителен. А кога дополнително ќе го зачините со ѓумбир, ќе добиете навистина единствен вкус.

Детокс - ѓумбир, црвена зелка, јаболко и портокал.

Детокс - ѓумбир, црвена зелка, јаболко и портокал.

Овој рецепт за сок од црвена зелка е потполно природен и супер здрав. Црвената зелка во комбинација со јаболка и ѓумбир е изненадувачки вкусна! Го зајакнува имунолошкиот систем, има невеорајтни својства против стареење и е богат со состојки кои се борци против ракот! Откако ќе го пробате овој сок, сигурни сме дека ќе стане вежен дел од вашата исхрана

Детокс - целер, ѓумбир, морков, јаболко и мандарина

Детокс - целер, ѓумбир, морков, јаболко и мандарина

Поради многуте хранливи и здрави материи кои ги содржи целерот, оваа билка се смета за многу здрава и лековита. Целерот има особина да го прочистува организмот од токсините, па заради своите анти токсични својства одличен е за чистење на организмот, после зимските денови.

 

Саси ароматизирана вода
  • Сложеност: многу лесно
  • Категорија: Напитоци

Саси ароматизирана вода

Саси вода е именувана од магазинот Превенција (Prevention) во чест на Синтија Сас која го создала овој рецепт за диетата „Рамен стомак“. Тоа е вода со вибрација и има подобар вкус од обичната вода. Исто така, речиси и нема калории, а ѓумбирот всушност помага во смирувањето на дигестивниот систем.Саси водата лесно може да ја подготвите во вашиот дом и дејствува навистина освежувачки, особено во жешките летни денови.

Супа со брокули- рецепт на Ивана Јаневска
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Супи

Супа со брокули- рецепт на Ивана Јаневска

Супа од брокули е третиот рецепт кој ни го испрати Ивана Јаневска за наградниот предизвик „Гответе со нас“.

Фотографија: Варвара Николова

Супа од тиква и сладок компир
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Супи

Супа од тиква и сладок компир

Уште една домашна супа, богата со растителни влакна и со прекрасен вкус.