Some like it raw

Што се тоа ензими?

Објавено во Мали тајни.

Ензими

 

Честопати слушаме за витамини, минерали, нутриенти, но многу поретко за ензими, иако без нив дури и најдобрите и најкавлитетните хранливи материи нема да ни значат многу. Што точно претстсавуваат тие? Ензимите прават сè да функционира во телото, без нив би биле само куп безживотни атоми. Ензмите претставуваат катализатори за сите хемиски реакции во телото – дигестија, имунитет и сите други метаболички и регенеративни функции. Замислете ги како телесни „работници“ кои ви помагаат да одите, зборувате, дишете, да ја дигестирате храната и да дејствувате. Хемиски, поголемиот број од нив се протеини и го поттикнуваат метаболизмот да ги користи нутриентите кои ги внесуваме. Билошки, тие се нашата животна енергија.


Три категории на ензими


1.    Метаболичките ензими ги има природно во телото и дејствуваат како катализатори овозможувајќи ни да слушаме, чувтвуваме, да се движиме и мислиме. Метаболичките ензими ги забрзуваат хемиските ракции во клетките за детоксикација и продукција на енергија.


2.    Дигестивните ензими се произведуваат во нашето тело. Тие се одговорни за разложување на храната која ја јадеме и за асимилирање на сите нутриенти. Ако сме на исхрана која се состои доминантно од готвена или преработена храна, ние го оптоваруваме панкреасот да произведува повеќе дигестивни ензими. Ако панкреасот е преслаб и не е во можност повеќе да врши секреција на ензими, ќе им ги одземе живототворните ензими на другите органи. Кога еднаш ќе се случи ова нашите едноставни секојдневни обврски ни стануваат тешки.


3.    Ензимите во храната се наоѓаат во природните намирници кои ги конзумираме. Сите видови на  овошје и зеленчук имаат сопствени ензими кои се потребни за нивна дигестија. Намирниците со најмногу прехранбени ензими се манго, папаја, банана, ананас и авокадо.

Ние се раѓаме со полн капацитет на ензими. Ако редовно не го снабдуваме телото со ензими од живата храна и продолжуваме да јадеме готвена храна која ги искористува ензимите, стануваме подложни на стареење, болести и превремена смрт.
Без соодветните ензими за разложување на храната што ја јадеме, ние започнуваме да акумулираме недигестирани материјали во нашиот систем. Ова води кон добивање килограми, воспалние, стагнација, дигестивни нарушувања и умор. Недостигот од ензими, недоволна енергија и болеста, сите одат „рака под рака“.

Print Friendly and PDF