Some like it raw

Боров мед

Објавено во Мали тајни.

Боров мед

 

      Во последно време многу слушав за познатиот лековит “природен боров мед", иако знаев дека истиот не е мед од пчели туку тоа се борови вршки варени неколку саати во вода, засладени со многу шекер.

Знаејки го ова, последниот пат кога бев во Берово на излезот од хотелот имаше неколку луѓе кои продаваа производи од Малешевијата. Нормално и самата купив, за подоцна да сфатам дека сум вешто излажана и дека сум купила шербет со вкус на јагода, koj немаше буквално никаков мирис и вкус на бор.

Во разговор со една возрасна мештанка, ми беше објаснето дека боровите цветови ( вршки) исклучително тешко се берат, па дури и да го има екстрактот од бор внатре во мојот купен природен “боров мед”, тоа е во сосем занемарлива количина.

Секако мојот штотуку купен “боров мед” заврши во канта за ѓубре, а јас се обидував да најдам рецепт за самата да си направам. Рецептот кој во себе не содржи гликозен сируп изгледаше вака :

Соле раствор

Објавено во Мали тајни.

Соле раствор

 

Кога се комбинираат хималајската кристална сол и водата, негативните полови од водените молекули  ги опкружуваат позитивните јони на солта, а негативните јони во солта се опкружени од позитивно поларизираните честички на водените молекули. Ова ја менува геометриската структура на водата и солта и создава нешто потполно ново, трета димензија.  Водата не е повеќе вода и солта не е повеќе сол.

Хлорофил – зелената крв на растенијата

Објавено во Мали тајни.

Хлорофил и хемоглобин

Хлорофилот е супстанца која ги прави зелени растенијата. Молекулот на хлорофилот има уникатна способност да ја претвора енергијата од сончева во хемиска (преку фотосинтеза), која растението ја користи да направи јаглехидрати од јаглерод диоксид и вода. На крај, сите живи нешта- растенијата и животните – ја добиваат својата енергија од сончевата енергија преку фотосинтезата  и оттука, и својата животна сила.

Киви - зелено богатство

Објавено во Мали тајни.

Киви

Овошјето киви првобитно било познато како кинески огрозд, но одгледувачите во Нов Зеланд го преименувале по нивната птица – киви, а потоа насекаде почнало да се употребува тоа име.
Кивите се единствено овошје што го содржат ензимот  актинидин и тоа е она што ги прави толку посебни. Актинидинот, кој претставува ензим за разградување на протеини, ја стимулира дигестијата на храната.

Повеќе артикли...