Some like it raw

Што се тоа ензими?

Објавено во Мали тајни.

Ензими

 

Честопати слушаме за витамини, минерали, нутриенти, но многу поретко за ензими, иако без нив дури и најдобрите и најкавлитетните хранливи материи нема да ни значат многу. Што точно претстсавуваат тие? Ензимите прават сè да функционира во телото, без нив би биле само куп безживотни атоми. Ензмите претставуваат катализатори за сите хемиски реакции во телото – дигестија, имунитет и сите други метаболички и регенеративни функции. Замислете ги како телесни „работници“ кои ви помагаат да одите, зборувате, дишете, да ја дигестирате храната и да дејствувате. Хемиски, поголемиот број од нив се протеини и го поттикнуваат метаболизмот да ги користи нутриентите кои ги внесуваме. Билошки, тие се нашата животна енергија.