Кисело (маринирано) цвекло

4.7/5 оценка (3 гласови)
Кисело (маринирано) цвекло

Состојки

  • 1 цвекло, исечено на супер тенки листови
  • 100 мл вода
  • 50 мл јаболков оцет
  • 1 лажица агаве нектар или јаворов сируп
  • 5 гр хималајска сол
  • 1 лажичка црн бибер во зрна
  • 5-6 листови од жалфија
  • 1 лажичка коријандер во зрна

Начин на подготовка

  1. Добро измијте го цвеклото и излупете го.

    Со помош на мандолина, исечето го на супер тенки листови.

     

  2. Ставете ги сите состојки во мала тегла и добро измешајте.

  3. Сите парчиња цвекло потопете ги во растворот, но оставете простор на врвот од теглата.

  4. Чувајте на собна темепратура 5 дена за да се овозможи ферментацијата. Кога ќе ферментира, преместете ја теглата во фрижидер.

  5. Вака подготвените супер тенки парчиња на црвено цвекло ја задржуваат нивната крцкавост во оваа пикантна течност. Измешајте ги во салата, јадете од тегла или послужете како предјадење.

    Напомена: Можете да ги чувате во фрижидер повеќе од 60 дена

Коментари (2)

  • PeterAlatt

    03 Јануари 2017 u 09:44 |
    doxycycline 100mg tablets no prescription avodart serpina online allopurinol baclofen 10 mg buy avodart acyclovir metformin prescription motrin 800 yasmin
  • PeterAlatt

    11 Јануари 2017 u 18:28 |
    mobic trazodone 100 mg buy vpxl clindamycin mg colchicine where to buy inderal nolvadex buy tenormin nexium seroquel online

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.