Салата со мотовилец, авокадо и мешани шери домати

5.0/5 оценка (1 гласови)
  • Порции: 2
  • Сложеност: лесно
  • Категорија: Салати
Салата со мотовилец, авокадо и мешани шери домати

Состојки

  • 150 гр мотовилец
  • 10 мешани шери домати
  • 1 авокадо
  • 1 цеден лимон
  • хималајска сол по вкус

Начин на подготовка

  1. Мотовилецот е едногодишно растение, кое се карактеризира со низок раст и мали заоблени и меки ливчиња.Мотовилецот е богат со витамини А, Б и Ц, минерали- калиум, калциум и железо, исто така, содржи протеини и растителни влакна, фитонутриенти и антиоксиданти кои штитат од рак и кардиоваскуларни заболувања. Освен тоа, го намалува лошиот (ЛДЛ) холестерол, а го зголемува добриот (ХДЛ) холестерол и има одличен вкус.

  2. Откако убаво ќе ги измиете сите зеленчуци, почнете да го сецкате шери доматите на половинки.

  3. Исецкајте го и авокадото, па додадете го цедениот лимон и хималајската сол.

  4. Убаво измешајте ги сите зеленчуци и сервирајте во длабока чинија.

    Добар апетит!

Коментари (1)

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.