Табуле салата

4.2/5 оценка (5 гласови)
  • Порции: 2
  • Сложеност: средно
  • Категорија: Салати
Табуле салата

Состојки

  • 100 гр несварено просо
  • 250 мл вода
  • 2 врзопа свеж магданос
  • 2 средни домати
  • 2 краставици
  • 1 глава кромид или 3 парчиња млад кромид
  • 3 лажички маслиново масло
  • 2 лажички листови од свежо нане
  • сок од 1 лимон
  • хималајска сол за вкус

Начин на подготовка

  1. Табуле (табули) е традиционална салата од Блискиот Исток која се подготвува со сечкан магданос, листови нане, булгур, маслиново масло, иситнети домати и краставици, кромид и лимонов сок. Најдобро е да се прави најмалку 30 минути до еден ден порано за да се балансира вкусот и да се добие вистинската арома. Нашата верзија е направена со просо поради неговите многубројни здравствени придобивки. Просото е една од ретките житарки која дејствува алкално на организмот и не содржи глутен. Освен одличниот вкус и текстура содржи  магнезиум, бакар, манган и фосфор. Во табуле салатата просото е споено со традиционалните состојки за табуле, магданос, нане, домати, кромид и лимон. Овие состојки дејствуваат синергетски да создадат вкусна салата која помага за детоксикација. Магданосот помага да се исфрлат канцерогените, нането помага при варењето, а лимонот го зајакнува имунилошкиот систем.

  2. Подготовка на просо: Во мало тенџере ставете ја водата и просото и оставете да зоврие. Потоа, покријте го тенџерето, намалете ја темепратурата и варете 15 минути додека не се апсорбира течноста и не омекне просото. Тргнете го просото од оган.

  3. Додека се вари просото, подгответе ги другите состојки. Магданосот и листовите нане ситно исечкајте ги со нож или обработете го со помош на процесор за храна. За таа намена, ние користевме процеосор за храна, Magimix. Ставете го магданосот и нането во голем сад за мешање. Исечкајте ги доматите и краставиците на коцкички и исцедете ја течноста од нив пред да ги додадете во садот со другите состојки. И кромидот исечкајте го на ситни парчиња и додадете го садот.

  4. Кога ќе стаса просото измешајте го со зеленчукот. Попрскајте со маслиново масло, лимонов сок и хималајска сол. Добро измешајте.

  5. Табуле салатата може да се служи како предјадење, прилог кон главни јадења или едноставно како мезе. Погодна е за вегани, вегетаријанци, не содржи глутен, млечни производи или јаткасто овошје. На здравје!

Коментари (2)

  • Mila

    15 Октомври 2014 u 08:36 |
    Dali bi mozele da mi kazete od kade kupuvate proso za jadenje? Blagodaram
  • Milanka Petrova

    21 Октомври 2014 u 13:07 |
    Почитувана Мила,

    Просо за јадење го купуваме од Зелен пазар, но го има и во продавниците за здрава храна. Поздрав.

Оставете коментар

Оставивте коментар како гостин. Подолу зачленување по желба.